еМагазин
Image default
Бизнис

Македонската берза догорочно ги суспендира од котација акциите на „Идевелоп“

Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје на друштвото „Идевелоп“ АД Скопје, котирано на официјалниот пазар на берзата на подсегментот задолжителна котација, му изрече мерка долгорочна суспензија од котација, поради континуирано неисполнување на обврските согласно правилата за котација, соопшти берзата.

„Мерката долгорочна суспензија од котација се изрекува за период од најмалку 30 дена почнувајќи од 26.01.2021 година и трае до отстранување на причините поради кои е изречена оваа мерка.

За времетраењето на долгорочната суспензија од котација издавачот „Идевелоп“ АД Скопје не го губи статусот на котирано друштво, но е должен во односите со трети лица и во јавноста да истакнува дека е долгорочно суспендиран од котација на берзата.

Воедно, за времетраење на мерката долгорочна суспензија, „Идевелоп“ АД Скопје нема постојани обврски за известување согласно глава VI од правилата за котација.

За времетраење на мерката долгорочна суспензија, хартиите од вредност издадени од „Идевелоп“ АД Скопје се тргуваат на редовниот пазар на берзата, на подсегментот слободен пазар, при што за издавачот важат законските обврски за известување за тој подсегмент.

Со донесената одлука за долгорочно суспендирање од котација се укинува одлуката од 09.11.2020 година за внесување на „Идевелоп“ АД Скопје на листата на набљудување и врз основа на тоа издавачот се брише од листата на набљудување“, информираат од Берзата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пласманот, ниските откупни цени и климатските промени – главни проблеми на земјоделците

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби милионскиот тендер на општина Гостивар за набавка на масло за греење

Редакција

Во август намален прометот во индустријата

Редакција