еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Синоличка Трпкова: На сите протести излегува мала критична маса, без партиска припадност, која станува полека предмет на потсмев и омраза

Македонската актерка Синоличка Трпкова на својот Фејсбук профил, го коментира актуелниот граѓански  протест против „францускиот предлог“.

“Постои мала критична маса, којашто на сите протести излегувала без за тоа да има наредба, лична корист, фондовски пари. Излегувале луѓето за правда и слобода и евентуално заради верба во идеали. И со Пленумите и со Шарената, а сега и со НЕ за Бугарскиот договор.

Но, просто да се срамиш, ете, од своите сограѓани, ако си ги поддржувал сите три денес. Или си едно или си друго!? Ако не припаѓаш на светото тројство македонски партии, тогаш си непријател за сите три.

И тоа е доволен знак дека Македонците во Македонија се разединети и поделени, повеќе од кога било. Таа мала критична маса, без партиска припадност, станува полека предмет на потсмев и омраза. Наскоро нема ни да постои, исто како и земјава“, пишува таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Синоличка Трпкова: Пред да се каже НЕ на Бугарија и ЕУ, треба сите до еден, од сите власти да клекнат на колена пред народот и јавно да се извинат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дигиталните ковид-сертификати во ЕУ остануваат на сила уште една година

Редакција

Судење за „Монструм“: Поранешниот министер Беџети имал средба со семејства на обвинети за случајот

Редакција

Најголем дел од починатите од коронавирусот во Македонија се на возраст над 60 години

Редакција