Грчката Влада ги објави протоколите за влез на странски туристи во земјата преку копно, аердромите и преку море.
Сите туристи ќе мора да пополнат детален патнички образец, во кој ќе ја наведат земјата од која потекнуваат, каде патувале пред да влезат на грчка територија и адресата каде ќе престојуваат за време на нивниот одмор во Грција.
Образецот на англиски јазик можете да го пополнете ОВДЕ.
Секој патник ќе добие код во електронска или печатена форма и во зависност од податоците ќе се одлучува дали ќе биде опфатен со скрининг за корона вирусот во зоните предвидени за контрола.
Таканаречениот формулар за лоцирање на патници ќе треба да се пополни преку интернет најмалку 48 часа пред патникот да влезе во земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грција засега останува на планот за отворање на границите на 1 јули
Фото: МВР