еМагазин
Image default
Бизнис

Сите детали од новиот протокол за автомат клубовите: Најмногу едно лице на 5 квадрати

Во Службен весник е објавен протоколот за отварање и работа на приредувачите на игри на среќа во автомат клуб кој го усвои Владата.

Протоколот предвидува ограничен број на лица во клубовите односно во просторијата можат да бидат присутни истовремено најмогу 1 лице на 5м2.

На влез е задолжително да има редарска служба. Редарската служба ќе врши дезинфекција на раце на сите лица кои влегуваат во објектот, контрола на заштитна опрема (заштитни маски).

Заштитната опрема е задолжителна при влегување и движење низ објектот.  Доколку лицата не носат заштитна опрема (заштитни маски), не смеат да се пуштаат внатре и да се движат низ објектот.

Вработените треба задолжително да вршат редовна дезинфекција, миење на раце и да носат заштитна опрема (заштитна маска).

Задолжително одржување на дистанца од најмалку 1,5 м. Во случај на помало растојание задолжително да се користат пластични, стаклени или слични прегради, паравани и слично.

На видни места да бидат поставени соодветни информации за запазување на мерките за заштита и безбедноста на вработените и гостите.

Задолжително да се врши редовно чистење со дезинфекционо средство на секое играчко место по секоја употреба.

На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.

Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали од новиот проколот за казината: Рулет и блек џек „под маски“ со најмногу три играчи

Владата ја послуша Комисијата за заразни болести: Се отвараат казината и автомат-клубовите

Филипче: Се предлага отварање на казината, автомат клубовите и теретаните

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колкави се примањата на Надзорниот одбор на Тиквеш за минатата година

Редакција

Неоправдано и неприфатливо е трошокот за ПЦР тестовите на оние што не сакаат да се вакцинираат да го платат работодавачите, велат од Организација на работодавачите

Редакција

Фонд од Холандија сака да го купи мнозинскиот удел на клиниката „Жан Митрев„

Редакција