еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Сите затворени места во Грција ќе примаат само вакцинирани лица, мерката ќе почне да важи од 16 јули

Од петок, 16 јули до крајот на август, местата за забава, барови, кина и театри и сите други затворени места ќе примаат само вакцинирани лица, најави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Тој додаде дека иако бројот на нови случаи се зголемува сепак, земјата нема да се затвори.

Во Грција, 4,3 милиони од 10,7 милиони жители се целосно вакцинирани, а вакцинација со „Фајзер“ ќе започне и на лица од 15 до 17 години. Три четвртини од Грците над 60 години сега се вакцинирани.

Мицотакис најави дека Грција ќе воведе задолжителна вакцинација против Ковид-19 за здравствените работници и персоналот во домовите за стари лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

1.837 нови случаи на Ковид-19 од 6.647 тестирања, 246 се реинфекции

Редакција

Истрагата за дојавите за бомби дава интересни првични податоци, вели Ковачевски

Редакција

„Мамо, мамо, дојди Катица и Лиле се степаа надвор“: Твитер реакции за „Рекет“, Јанева, Стефанова, Камчев, Боки 13…

Редакција