еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Склучен еден од најголемите договори за осигурување на живот во државата: Триглав Осигурување Живот ќе ги осигура вработените во Раде Кончар и Смелт-ИНГ

Триглав Осигурување Живот во следните 20 години ќе ги осигурува вработените на Раде Кончар -ТЕП, Раде Кончар – Сервис и поправка на електрични производи ДОО – Скопје и Смелт – Инг ДОО – Скопје, информираат од компанијата.

Станува збор за Договор со кој над 140 вработени лица ќе бидат животно осигурени на вкупен износ над 80 милиони денари. Средствата се наменети за вработените во компанијата, што овој договор го прави еден од ретките примери во земјава на одговорно корпоративно однесување и вложување во кадровите ресурси.

Договорот за деловна соработка денес на свечена церемонија го склучија директорите на компаниите: Горан Антевски – управител на Раде Кончар -ТЕП, Владанка Трајкоска – управител на Раде Кончар – Сервис и поправка на електрични производи ДОО – Скопје, Бојан Несторовски – управител на Смелт- Инг ДОО – Скопје и Вилма Учета Дузлевска – генерален директор на Триглав Осигурување Живот АД Скопје.

Преку Договорот за деловна соработка, склучен во директни преговори, над 140 вработени во групацијата Раде Кончар освен основната полиса за осигурување на живот со штедна компонента добиваат и дополнителни осигурувања од тешко болни состојби и низа привилегии меѓу кои и осигурување на членови на нивните семејства при настанување на одредени осигурени случаи.

-Условите на осигурување обезбедуваат, меѓу другото, и целосно покритие за лекување од Ковид-19 во сите приватни клиники на РСМ. На сите осигуреници опфатени со овој договор обезбедено им е членство во Триглав Смарт клубот, кој оваа Компанија го креираше за поддршка на здрав начин и навики на живот.

Компаниите Раде Кончар -ТЕП, Раде Кончар – Сервис и поправка на електрични производи ДОО -Скопје и Смелт – Инг ДОО – Скопје континуирано остваруваат добри деловни резултати. Како општествено одговорни компании кои имаат за цел ги да мотивираат и задржат своите вработени, одлучија да им обезбедат квалитетно осигурување, притоа демонстрирајќи висока морална одговорност за секој вработен.

Триглав Осигурување – Живот АД Скопје на македонскиот осигурителен пазар работи четврта година, а веќе во 2021 година има најголем апсолутен раст на премијата во доменот на животно осигурување и доминира во бројот на продадени полиси.

На пазарот компанијата станува препознатлива по корпоративните осигурувања од ваков вид, кои нудат уникатно корисничко искуство за сите вработени во корпорациите кои се одлучуваат своите вработени финансиски да ги заштитат од сите ризици на секојдневието.

Триглав Осигурување Живот АД Скопје, Раде Кончар -ТЕП, Раде Кончар- Сервис и поправка на електрични производи ДОО и Смелт- Инг ДОО – Скопје го склучија еден од најголемите договори за осигурување на живот во земјата, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По 15 месеци во затвор, Боки 13 оди во домашен притвор

Редакција

Адинг во првите шест месеци со намалена добивка

Редакција

Официјално: Нови 101 заболени од корона вирусот, од кои најголем број 59 во Скопје

Редакција