еМагазин
Image default
Бизнис

Склучени осум договори за земјиште на поранешниот агрокомбинат„Џумајлија“

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопансто Љупчо Николовски денеска со својот тим од министерството, на блок за житарици во атарот на село Сарамзалино врачи десетина договори на индивидуални земјоделци од светиниколскиот регион.

Како што појасни за медиумите министерот Николовски денеска доделените договори се дел од вкупно 120-те договори за површина до три хектари по објавен оглас наменет за локалното население  и помалите земјоделци, а за површина од вкупно 282 хектари за одгледување на едногодишни култури.

При врачување на договорите Николовски, информира дека воедно на оглас на МЗШВ за површините во светиниколско, на земјиштето на поранешниот агрокомбинат „Џумајлија“ за над 3 хектари склучени биле и осум договори со површина од околу 714 хектари.

– За првпат, сега ова земјиште го поделивме во блокови, а целта е повеќе субјекти да дојдат до земјоделско земјиште и да склучат договори. За разлика од претходните огласи кога имаше предвидено дополнителни услови, во овој оглас истите не се предвидени, а со што се релаксираат условите за учество, нагласи Николовски.

Појасни дека ова плодно земјиште стоело необработено седум години, откако договорот со АК „Џумајлија“ беше раскинат во 2011. Во 2013, дел од земјиштето на агрокомбинатот му беше дадено под концесија на индискиот бизнисмен Субрата Рој „Сахара груп“, кој иако најави 200 милиони евра инвестиција ништо не инвестира.

Информира дека МЗШВ годинава има објавено осум огласи на кои се понудени околу осум илјади хектари.

– За првпат објавивме и наменски оглас за сточна храна, со кој дирекно ќе влијаеме врз обезбедувањето на квалитетна и евтина добиточна храна. Со спроведената ревизија ослободивме околу 24 илјади хектари земја. Во тек е проектот за консолидација на дел од 12-те избрани локации, а ќе следи и за уште 12. Воедно  во завршна фаза е изготвување на измени на Законот за земјоделско земјиште, со кој ќе се доуредат постапките за доделување на државното земјоделско земјиште под закуп,информира Николовски.

МИА/Фото: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пред отказ илјадници работници во текстилните компании

Редакција

МВР склучи договор со “Dat-con“ вреден 487,8 илјади евра

Редакција

„Енерџи актив“ го доби тендерот на затворот „Идризово“ за набавка на струја вреден 208.000 евра

Редакција