И оваа година одбележувањето на големиот религиозен празник Богојавление-Водици не помина без скандал. Во Штип на момчето кое го фати крстот се обидоа да му го земат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) На момчето што го фати крстот во Штип се обидоа да му го земат
Богојавление-Водици: Урнебесни видеа од фаќањето на крстот низ Македонија
На социјалните мрежи освен скандалот, големо внимание се посвети и на загадените води во кои се фрла крстот, како што е најголемата река во Македонија, Вардар, но и на организирањето на граѓани во групи за да полесно стигнат до крстот, што станува традиција и што секако не е идејата на одбележување на овој голем ден.
Еве дел од твитовите:
Во целиот настан со фрлање на крстот, не остана ништо религиозно.
— Aleksandar (@saltwatered) January 19, 2020
Крст треба да се фрла само во реки и езера. Не во бари, потоци и базени.
Ама вие си знаете.
П.С. Дрим е идеален. Сите таму— Jas (@BrlaBrla) January 19, 2020
Се организираат за фаќање на крстот во групи ко најголеми бандити, се газат, се туркаат, се тепаат и се дават во водата ама битно се најголеми верници. 🤦♀️
— Аритмија (@snowgirly2) January 19, 2020
Во Штип одлучуваше ВАР технологијата pic.twitter.com/O9MpjSMzIc
— Меше (@CallMeDenisChe) January 19, 2020
Сите шо ја пипаат и пијат водата од Вардар мислејки дека го сменила саставот по фрлањето на Крстот треба да им бидат одземено Здравственото Осигурување.
— Бапчо (@TheFitzzz) January 19, 2020
Скокнал у Вардар по крстот, фатил стара машина за перење алишта.
— ФИЌО 🐽 (@fraerot) January 19, 2020