еМагазин
Image default
Локално

Скопјанец обвинет за силување: Присилно ја внел во автомобил, ја обљубил и ја претепал

Силувач од Скопје кој жртвата со сила ја принудил на обљуба во станот на неговата мајка, денеска заработи обвинение поднесено од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје.

Како што соопшти Јавното обвинителство, 55-годишен маж, кој се товари дека го извршил кривичното дело Силување, на 28 септември со употреба на сила и закана принудил на обљуба една жена.

„Оштетената ја пресретнал околу 15 часот, кога се враќала од работа, присилно ја внел во возилото кое го управувал, па ја однел во станот на неговата почината мајка. Таму започнал физички и психички да ја малтретира жртвата, упатувајќи закани кон неа и закани за нејзината ќерка.

Цело време ја удирал и ја влечел за косата, по што извршил обљуба врз неа. По присилниот сексуален однос, продолжил да ја удира жртвата со боксови и клоци, од кои оштетената се здобила со телесни повреди“, се наведува во соопштението на ЈО.

Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.​​

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Верувале или не: Украдени влезни врати од станбени згради во Струмица

Редакција

Велешанец нападнал обезбедување на банка по расправа за непочитување на протоколот за Ковид-19

Редакција

Се бара: Кумановец со „Мазда“ удрил во патарина и побегнал

Редакција