еМагазин
Image default
Локално

Скопјанец обвинет за убиство при семејно насилство врз жената со која живеел

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Убиство по член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

„Обвинетиот, на 10 мај во раните утрински часови, во куќа на улицата „Перо Наков“, при вршење семејно насилство, со умисла лишил од живот жена со која живеел во заедничко домаќинство и со која имал блиски лични односи.

Тој со повеќе удари со раце и нозе во пределот на главата и по целото тело и нанел повеќе телесни повреди – хематоми и скршеници од кои кај неа се развил трауматски шок и настапила смрт.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност обвинетиот да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, надлежниот јавен обвинител на Судот му предложи да ја продолжи претходно определената мерка притвор за обвинетото лице,“ се вели во соопштението на Обвинителство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Информативна дебата за рудникот Иловица-Штука со локалното население

Редакција

Кривична пријава за седум лица за насилството и пукањето на Матка

Редакција

(Фото) Започна Пастрамајлијадата во Штип: На евроамбасадорот Гир му се бендиса штипската пастрамајлија долга два метри со десет килограми месо

Редакција