еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Скопје-најнеобичниот град на Балканот, вели во новото видео светскиот туристички блогер Дацешин

Светски туристички блогери Роберт Дацешин, кој по потекло е од Босна и Херцеговина го објави второто видео од предвидените четири, кои ги снимаше за Македонија.

Ова видео е посветено за Скопје, за кого Дацешин ќе каже, дека за ниту едно место не слушнал толку поделени мислења, пред да го посети.

„Скопје е град каков што ретко ќе најдете на Балканот. Но она што морам да признаам е што ретко кога сум слушнал толку поделени мислења за некое место, пред да го посетам, како што е случај за Скопје.

Едни ми зборуваа дека Скопје е модерен, интересен и богат град, а други не се многу воодушевени од некои скорешни архитектонтски проекти кои овде заживеаја.

Заради тоа, задачата на ова видео ќе биде да ви ја пренесам реалната слика за градот, да ви ги покажам сите негови страни, а вие заклучете дали Скопје ви се допаѓа или не,“ вели Дацешин за Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Светскиот туристички блогер Роберт Дацешин за Македонија: „Поради овие работи се заљубив во оваа држава“

(Видео) „Баравме змии, ама немаше,“ светскиот туристички блогер Дацешин со репортажа од Голем град

„Се плашев дека го идеализирам, но Охрид е поубав од што можев да замислам“, вели светскиот туристички блогер Дацешин

Фото: Инстаграм/Дацешин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарскиот вицепремиер Каракачанов: Скопје не сака да признае дека Гоце Делчев е Бугарин

Редакција

Од Жан Митрев демантираат дека Клиниката се продала: Шпекулативни, нарачани и тенденциозни објави

Редакција

Детали од МВР за хакерскиот напад на ДИК за време на изборите

Редакција