еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Сончево и топло време денеска, температура до 29 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло. На повеќе места ќе дува засилен ветер од јужен правец, наместа над 60 километри на час.

Во ноќните часови кон недела ќе има преодно дестабилизирање со локален пороен дожд и ретки грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 27 степени.

До средината на следната седмица ќе се задржи стабилно и релативно топло време.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Малиот Димитар покажа дека е голем борец по успешната операција на вродената срцева маана

Редакција

Времето денеска сончево и потопло со мала облачност, температура до 23 степени

Редакција

Проф.Трајковски: „Непрележаните и невакцинираните многу тешко ќе куртулат пред делта сојот, кој на есен ќе го видиме во „полн сјај““

Редакција