еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Скопска апелација ја потврди пресудата за случајот „Насилство во Центар”, а предметот „Тарифа” го врати на повторно судење

Апелацискиот суд Скопје ја потврди првостепената пресуда на Кривичен суд Скопје за случајот „Насилство во Општина Центар”, во кој првообвинетиот Никола Груевски беше осуден на 1 година и 6 месеци затвор, а останатите беа осудени на условни казни, односно алтернативни мерки.

Воедно, скопска Апелација предметот „Тарифа” го врати на повторно судење.

– Второстепениот суд постапувајќи по жалбите од обвинетите и нивните бранители, изјавени против првостепената пресуда – К. Бр. 1904/16, од обвинителството означен како „Насилство во О.Центар“, од 29.09.2020 година, ги одбил жалбите како неосновани, а пресудата на Кривичниот суд се потврдува.

Со пресудата седум обвинети беа огласени за виновни и осудени на: Н.Г. – затворска казна во траење од 1 година и 6 месеци, додека М.Ј., А.Т., Д.С., Д.Т., Т.П. и И.Б. на алтернативна мерка – Условна осуда, велат од Основен кривичен суд Скопје.

Предметот „Тарифа” пак скопска Апелација го врати на повторно судење

– КОК Ж бр. 50/20  со која Второстепениот суд ја укина првостепената пресуда – КОК бр. 51/17 од обвинителството означен како „Тарифа“ и предметот го врати на повторно судење, при што е заведен нов предмет со КОК бр. 123/21 за кој откако ќе биде насрочен термин за отпочнување со главната расправа, странките и јавноста ќе бидат дополнително известени, соопштија од Основниот кривичен суд Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За лидерот на ИВЗ, македонскиот народ е див и нема идентитет, институциите молчат за говорот на омраза

Редакција

Во февруари 12.556 работници не добиле плата, а во март околу 32 илјади

Редакција

Најмладиот на 22-годишна возраст: Од Ковид-19 починале 27 лица

Редакција