еМагазин
Image default
Локално

Детален преглед: Скопските автобуси возат по алтернативни траси поради тековните градежни активности

Поради одвивање градежни активности на крстосницата од булеварот „11 Октомври“ со булеварот „Кочо Рацин“ возилата од јавниот градски превоз денеска се пренасочени по алтернативни траси на движење.

Како што е објавено на веб-страницата на ЈСП „Скопје“, автобуските линии со број 3, 5, 7, 15, 21, 22, 23, 25, 27 се пренасочени од булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“ (Народна банка) десно по булеварот „Крсте Петков Мисирков“, лево на крстосницата кај судот по булевар „Гоце Делчев“ и лево кај МНТ, по булеварот „Филип Втори Македонски“ до Жена парк, каде се врти десно на булеварот „11 Октомври“ и на Рекорд се враќа на траса.

Во обратна насока, од Рекорд автобусите сообраќаат кон Градска болница, каде се врти лево по булеварот „Филип Втори Македонски“, кај „Холидеј Ин“ се врти десно по улицата „Кеј 13 Ноември“ (Дрводекор) и кај Веро Џамбо се враќаат на редовните траси.

Автобусите со број 24 од Припор кон Тафталиџе по подвозникот вртат лево на булеварот „Св. Кирил и Методиј“ (од кај Рамстор) десно по булеварот „Св.Климент Охридски“ и лево на булеварот „Партизански одреди“ возилата се враќаат на траса. Од Тафталиџе кон Припор возилата од булеварот „Партизански одреди“ вртат десно по булеварот „Св.Климент Охридски“ (од кај Европски универзитет), лево по улицата „Јордан Мијалков“ и на улицата „Антон Попов“ се враќаат на траса.

Линијата 9 од Клинички центар кон Скопје Север на крстосницата кај Тутунски комбинат продолжува право по булеварот „Карпошово востание“, десно по булеварот „Трета македонска бригада“, лево по булеварот „Никола Карев“ (Транспортен центар), каде врти лево по булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“ (Народна банка) и десно кај МАНУ се враќа на траса. Од Скопје Север кон Клинички центар од Битпазар врти десно по булеварот „Гоце Делчев“, кај МНТ лево по булеварот „Филип Втори Македонски“ и кај Жена парк врти десно на булеаврот „11 Октомврии“ низ центар од кај Европски универзитет кон Клинички центар.

Автобусите со број 31,41,67,74,51,70,58  во правец кон Транспортен центар кај Тутунски комбинат вртат десно по улицата „Карпошово востание“, десно по булеварот „Трета македонска бригада“ и лево по булеварот „Никола Карев“ до Транспортен центар. Во обратна насока сообраќаат по истата траса.

За автобуската линијата 16 од Железара кон Пржино, од Жена парк возилата се пренасочени десно низ центар, лево по булеварот „Св.Климент Охридски“ (Европски универитет), лево по улицата „Јордан Мијалков“ од каде продолжуваат по својата редовна траса. Од Пржино кон Железара, возилата сообраќаат на булевар „Кочо Рацин“, по подвозникот вртат лево по булевар „Св.Кирил и Методиј“ (Рамстор) десно на булевар „Св.Климент Охридски“, десно на булевар „Димитрие Чуповски“ и право до Градска болница, каде се врти лево и продолжуваат по трасата.

Автобусите со број 4 и 4а од населбата „11 Октомври“ кон Тафталиџе и Хром, од село Усје, од булеварот „11 Октомври“ е пренасочена од булеварот „Борис Трајковски“ десно по булеварот „Карпошово востание“, десно по булеварот „Трета македонска бригада“, лево по булеварот „Никола Карев“ (Транспортен центар), лево по булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“ (Народна банка), десно по булеварот „Крсте Петков Мисирков“ (МАНУ), лево на крстосницата кај судот по булевар „Гоце Делчев“ и лево кај МНТ, по булеварот „Филип Втори Македонски“ до Жена парк, каде врти десно на булеварот „11 Октомври“ и на Рекорд се враќа на трасата.

Од Хром, Тафталиџе кон 11 Октомври и село Усје, автобусите кај Градска болница вртат лево и продолжуваат право до хотелот „Холидеј Ин“, каде вртат десно по улицата „Кеј 13 Ноември“ и право кон Транспортен центар, каде врти десно по булеварот „Никола Карев“, десно на булеварот „Трета македонска бригада“, лево на булеварот „Карпошово востание“, лево на булеварот „Борис Трајковски“ и по старата траса.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пукање во Бутел: Двајца скопјани повредени во изрешетано „ауди“

Редакција

Обид за трикратно убиство во Сарај

Редакција

18-годишник од Делчево потрошил над 7.500 евра од картичката на дедо му

Редакција