еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Двајца македонски државјани осомничени за брутално убиство на жена во Белгија

Скопското обвинителство им помогнало на белгиските истражни органи да обезбедат докази за убиство на жена во Белгија. Во досегашната постапка на белгиските истражни органи обезбедени се докази за инволвираност на двајца македонски државјани во овој настан, од кои едниот веќе се наоѓа во притвор во Белгија и очекува судење.

– Постапувајќи по барање за меѓународна правна помош, Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи презедоа повеќе комплексни истражни дејствија по барање на белгиските истражни органи, вклучувајќи и два претреси во Скопје со цел обезбедување докази за убиство од користољубие извршено во Белгија, известија денеска од Јавно обвинителство (ЈО).

Белгиското обвинителство води постапка за убиство извршено во Остендe, Белгија, откако на 21. март било пронајдено безживотно тело на жена фрлено во близина на граничниот појас меѓу Белгија и Холандија.

– Како дел од истрагата за вклученост на вториот македонски државјанин, белгискиот истражен судија побара од Основното јавно обвинителство Скопје да преземе повеќе истражни дејствија.

Врз основа на обезбедени наредби од Основниот кривичен суд Скопје, беа извршени и претреси на две локации во Скопје. Јавен обвинител и истражниот центар на скопското обвинителство, како и повеќемина припадници на МВР ги реализираа сите активности согласно барањето за меѓународна правна помош, соопштуваат од ЈО.

Од белгиска страна, при спроведувањето на истражните дејствија во Скопје, биле присутни истражен судија, јавен обвинител и претставници на белгиската федерална полиција, кои исклучително високо ја оцениле соработката со македонските истражни органи.

– Овој предмет е вистински школски пример за совршена меѓународна соработка помеѓу јавните обвинители и полициските службеници од Северна Македонија и европските правосудни и полициски органи, оцени претседателот на Истражниот оддел на Првостепениот суд на Западна Фландрија, истражниот судија Кун Витук по акцијата во која беа обезбедени докази важни за постапката пред белгискиот суд.​

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Запознајте ги членовите на ДИК: Кој е Борис Кондарко

Редакција

Кои се најголемите акционери во ТТК Банка?

Редакција

„Дојче веле“: Едно лице почина од новиот британски сој на Ковид-19

Редакција