еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Следува период на променливо време со сончеви периоди и пораст на дневните температури

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и пораст на дневните температури.

Во четврток и петок по одделни котлини ќе има појава на утринска магла и таму температурата ќе се задржи пониска.

Во сабота попладне и во текот на ноќта ќе има слаби локални врнежи од дожд.

Времето денеска е променливо облачно и постудено. Претежно во планинските подрачја
со врнежи од слаб снег. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец, над 70 км/ч особено вдолж Повардарието и во источните делови.

Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Даријан Сотировски поднесе претставка за дискриминација против Општина Тетово и Касами

Редакција

Убава вест: 81 оздравени од Ковид-19

Редакција

Министерството за здравство вработува четири државни службеници, плата до 35.496 денари

Редакција