еМагазин
Image default
Бизнис

Слободни 6.866 работни места, најмногу во преработувачката индустрија, градежништвото и трговијата

Во второто тримесечие од годинава стапката на слободни работни места изнесувала 1,36 отсто, односно имало 6.866 слободни работни места, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Преработувачката индустрија, градежништвото и трговијата се секторите во кои имало најмногу слободни работни места.

Кај преработувачката индустрија слободни биле 2.081, во трговијата 1.232 и во градежниот сектор 1.073.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот Градежништво 3,46 отсто, додека најмала е стапката во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и изнесува 0,10 отсто.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 1,94 отсто.

Североисточниот Регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2,41 отсто.

Најмногу биле барани работници во услужни дејности и продажба за што имало слободни 2.107 работни места.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државната изборна комисија вработува девет лица, плата до 35.872 денари

Редакција

Цената на струјата за домаќинствата останува иста

Редакција

„Макпромет“ ја зголеми добивката

Редакција