еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Словенечкиот претседател Пахор: Скопје направи се, и уште повеќе, а што доби од ЕУ за возврат – ништо, и уште помалку

Европската Унија мора да ги почне преговорите со Северна Македонија и со Албанија. Ова прашање треба да остане приоритет на ЕУ и да се затвори што побргу, порача словенечкиот претседател Борут Бахор во обраќањето на Бледскиот стратешки форум.

– Проблемот веќе не е само политички. Ситуацијата стана многу позагрижувачка за ЕУ. Што направи Северна Македонија за нејзината европерспектива – направи се, и уште повеќе, а што доби за возврат – ништо и уште помалку. Со ова кредибилитетот на ЕУ многу се наруши.

Се обидувам да разберам дека проширувањето на ЕУ во моментов не е приоритет, имајќи ги предвид сите преблеми во ЕУ и попироко. Но сепак, верувам дека постигнувањето прогрес во преговорите со С Македонија и Албанија треба да остане приоритет и ова прашање да се затвори, нагласи Пахор пред учесниците на Бледскиот стратешки форум.

Пахор, и претходно, на средбата со премиерот Зоран Заев одржана на маргините од форумот, го афирмира ставот дека Словенија го поддржува европско проширување со земјите од Западен Балкан и очекува, со посредство и поддршка на словенечкото претседателство, да се најде прифатливо решение за блокираниот процес за интеграција на Северна Македонија во ЕУ.

– Словенија и цела Европа поддржуваат решение на предизвиците меѓу Бугарија и Северна Македонија, а актуелното словенечкото претседателство е можност која треба да се искористи за наоѓање решение, истакнале Заев и Бахор.

Како што соопшти владината прес-служба, Заев и Пахор на средбата споделиле дека лидерите постојат за да наоѓаат решенија и дека современото живеење и глобалните текови бараат храбри и мудри чекори од страна на политичките лидери на Европа.

Заев потенцира дека Европа препозна дека граѓаните на Северна Македонија покажаа храброст и ги прифатија европските вредности и дека земјата направи сѐ за да продолжи по европскиот пат напред.

Премиерот Заев ја поздрави определбата на Словенија за време на нејзиното претседателство со ЕУ да спроведе храбри одлуки и решенија во корист на проширувањето, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицискиот час скратен за 1 час

Редакција

(Видео) Во Слупчане ќе плаќале струја ако сметките биле помали од 3.000 денари

Редакција

Вкупно 671 здравствени работници заболеле со Ковид-19, оздравеле 496

Редакција