еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Северна Македонија е подготвена да ги почне преговорите за членство во ЕУ, порача од Скопје данскиот министер за надворешни работи

Данска смета дека Република Северна Македонија е подготвена да почне со преговори за членство во Европската Унија и за тоа ќе се залагаме. Се надевам дека подоцна годинава или најрано можно ќе донесеме таква одлука и оти сите 27 земји членки на ЕУ ќе застанат зад неа, порача денеска во Скопје данскиот министер за надворешни работи, Јепе Кофод, кој претстојува во официјална посета на земјава.

Ние, додаде тој, цврсто застануваме зад Северна Македонија и ги поддржуваме реформите што земјата ги презема изминатите години, но и претходно.

-Сметаме дека Северна Македонија е подготвена да почне со преговори за членство и ние за тоа ќе се залагаме. Се надевам дека разговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија ќе дадат резултат, но ние сме фокусирани врз европската интеграција и многу е важно да се сфати дека реформите и работата во правец на европска интеграција треба да продолжат.

Секако сметаме дека треба да почнат преговорите за членство на Северна Македонија. За нас е многу јасно дека сте подготвени за членство. Се надевам дека подоцна оваа година или што е најрано можно ќе донесеме одлука и се надевам дека сите 27 земји членки на ЕУ вклучително и Бугарија ќе застанат зад таквата одлука, порача министерот Кофод во одговор на новинарско прашање по средбата со неговиот колега министерот Бујар Османи.

Тема на денешната средба меѓу двајцата министри било европското досие на Северна Македонија и на целиот регион на Западниот Балкан, а станало збор и за актуелните теми во меѓународните односи и безбедноста, пред се состојбите во Авганистан и ангажманите на државите за помагање и згрижување на цивилното население.

Двајцата соговорници разговарале и за билатералните односи меѓу двете земји, со посебен акцент на соработката на економски и трговски план и можноста за нејзино унапредување.

Северна Македонија е првата земја од регионот што Кофод ја посетува, како дел од неговата турнеја низ земјите од Западен Балкан.

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денарот го слави 30. роденден: Кој му го даде името?

Редакција

Нови 779 случаи на Ковид-19, оздравени 477, починале четири лица

Редакција

Владата на Црна Гора го отповика, Азески се заблагодари за функцијата почесен конзул

Редакција