еМагазин
Image default
Македонија

Службениците биле корумпирани, а не министрите и директорите, тврди Заев

Премиерот Зоран Заев прашан денеска дали ќе побара одговорност од вицепремиерот за борба против корупцијата, по објавениот Извештај на Стејт департментот за инвестициска клима за 2021 година, во којшто меѓудругото се нотира и дека корупцијата е постојан проблем за водење бизнис во земјава, категоричен е дека во највисокиот ешалон на власта, па дури и во вториот ешалон не е препознаена корупција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извештај на Стејт департмент: Корупцијата во Македонија постојан проблем за водење бизнис, има и функционери вклучени во коруптивни активности

– Апсолутно не. Никаде во највисокиот ешалон, па дури и во вториот ешалон не е препознаена корупција. Значи, таа не е пронајдена кај министрите, кај директорите, пронајдена е по анализата системски, тоа значи во делот на административното функционирање на јавните институции.

И затоа поставивме потпретседател на Влада меѓудругото задолжен за борба против криминалот и корупцијата и девет, десет месеци се работи на таа тема со ваков фокус. Институциите што постојат и досега, како независните институции – Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), Државен завод за ревизија, Јавното обвинителство, правосудството може да бидат само помогнати од овој ресор затоа што дефинитивно ние сме телото, односно јавниот сектор е телото каде што независните институции го прават мониторингот за борбата против криминалот и корупцијата, вели Заев.

Коментирајќи го извештајот на Стејт департментот, премиерот вели дека тоа треба да биде „ветер во грб“ за да можеме, како што нагласи, да го отстраниме тоа како девијантна појава што ја има насекаде во светот, во Западен Балкан, а ја има и во Северна Македонија, како едно зло кое што ја кочи и економијата, развојот и севкупниот квалитет на живот.

– Секојпат извештаите на стратешките партнери дали е тоа ЕУ или е Стејт департментот се важни, валидни и треба да посветиме секојпат внимание. Во самите анализи кога ќе го видите самиот извештај на Стејт департментот прво зборува за огромни придобивки и позитивни промени што се имаат случено во Северна Македонија, но јасно ги лоцираат и своите слабости.

Нам ни е јасно од страна на Владата по сите анализи заедно со Транспаренси интернешенл, со Стејт департментот, со Европската делегација овде и со многу други граѓански организации го утврдивме нивото на корупција што се случува на трето ниво.

Таму каде што граѓаните шалтерски допираат, имотен лист, одобрение за градба, решенија, согласност или слично и ќе го промениме.

Посебно дури и Стејт департментот ја поздравува и дигитализацијата каде што буквално субјективниот фактор на одлучување на административно ниво ќе се замени со компјутер, со што дефинитивно ќе може да се бајпасира тој субјективен фактор на административниот работник, кој е точка на корупција помеѓу граѓаните и јавната администрација и верувам дека ќе имаме сериозни успеси во периодот што престои пред нас за да можеме да учиме од ваквите извештаи и да се подобруваме, рече Заев.

На новинарско прашање за перцепцијата во јавноста дека ДКСК е оставена сама на себе да се бори против корупцијата, Заев вели дека Комисијата е независна институција, и како и ДЗР, и тие немаат врска со извршната власт и како регулаторни тела, но и како другата власт – судството и обвинителството, си ја работат својата работа.

– Преку Владата и потпретседателот на Владата за прашања за борба против криминалот и корупцијата ние сакаме да го помогнеме процесот, да го превенираме, антиципираме, да даде уште поголеми резултати.

ДКСК одлуките што ги има донесено во нивната реализација споредбено со поранешните антикорупцски комисии се едно 50 пати повеќе спроведени отколку порано.

Прво, има решение и одлуки на ДКСК, знаете дека се сменија раководни структури во државата, се прекинаа вработувања во државата, директно се менуваа членови на управни и на надзорни одбори на државата, се реагираше веднаш проактивно согласно нивните извештаи.

Дел од извештаите, некаде 15-ина, ние ги обжаливме на Управен суд, затоа што Владата е навистина различна од независните тела. Од тие 15-ина. 10 ги имаме добиено на Управен суд. Тоа кажува дека не значи оти ДКСК секогаш е во право.

Таму каде што нема дилеми веднаш влегуваме во спроведување, таму каде што има дилеми, тоа го обжалуваме на Управен суд, добиваме пресуда, конечноста на пресудата значи акт за спроведување од страна на Владата и така ќе постапуваме секој во делокругот на своите надлежности, посочи премиерот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Веста за апсењето на актерката Силвија Стојановска одекна на Балканот

Редакција

Против Ковид-19 вакцинирани 50% од осудениците во штипскиот Затвор

Редакција

Одложено првото рочиште против докторите кои и извадија три органи на родилка

Редакција