еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Смртна казна за луѓето и екосистемите: Просечната температура во светот сруши рекорд

Просечната температура во светот измерена на 3 јули била рекордно висока, јави Блумберг.

Глобалната просечна температура изнесувала 17 Целзиусови степени, што е повеќе од претходниот рекорд од 16,9 степени Целзиусови, поставен во август 2016 година, според податоци на британскиот Национален центар за предвидување на услови во животната средина.

– Ова не е пресвртница што треба да ја славиме, тоа е смртна казна за луѓето и екосистемите. Ова е загрижувачко, бидејќи нема да биде најтопол ден уште долго време, изјави Фридерике Ото, виш предавач на Институтот за климатски промени и животна средина во Грантам, додавајќи дека временскиот феномен „Ел Нињо“ годинава ќе придонесе за соборување на повеќе топлотни рекорди.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Супервештачењата за несреќата кај Ласкарци денеска во Кривичен суд

Редакција

Нина ќе стане библиотекарка во библиотеката на Владата

Редакција

Трамп предлага инјектирање дезинфекциски средства како лек за коронавирусот, лекарите шокирани

Редакција