Во селото Долни Манастирец, кај Македонски Брод, во домот на Снежанка и Киро љубов и топлина добиле шест дечиња без родителска грижа, пишува deca.mk.
Од нив четири се посвоени, а во моментов се грижат за 26-годишна девојка со попреченост и за девојченце кое треба да тргне на училиште.
– Ја запишавме на училиште. Ако не биде посвоена, ќе си оди тука кај нас на школо. Многу е бистра и мила – вели Снежанка и додава:
Пред 20 години наша комшивка згрижи детенце и го чуваше осум месеци. Многу се зближивме. Го оставаше кај нас да го причуваме, синот и ќерката си играа со него иако веќе не беа деца… Го засакавме и ние него, и тоа нас. Тогаш, прекрасното девојченце, а сега возрасна девојка, беше клучно да се решиме и ние да згрижиме дете. Не погрешивме. Сега ни еден ден не би можеле ако нема дете дома.
Целата приказна прочитајте ја ОВДЕ.
извор и фото: deca.mk