еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Со донација на повеќе од 300 илјади денари dm drogerie markt го одбележа Меѓународниот ден на децата

Компанијата dm drogerie markt која гордо го носи епитетот на една од општествено најодговорните компании, оваа година го одбележува Меѓународниот ден на децата со донација на 15 бебешки креветчиња во вредност од повеќе од 300.000 денари во ЈЗУ Општа болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар, велат од таму.

На денот на отворањето на реновираното детско одделение, со оваа донација компанијата учествуваше во обезбедување на сите потребни креветчиња, а целта е да овозможи посоодветни услови на најмалите членови на општеството во нивниот ран развој.

„Иако секој ден им го посветуваме на децата, Меѓународниот ден на децата е одличен повод да се присетиме на тоа дека секое дете го заслужува најдоброто. Особено сме среќни за оваа донација, која ни покажува дека сме на вистинскиот пат да создадеме што подобри услови за нашите најмалечки.

Сакаме да веруваме дека на овој начин сме значаен дел од еден период во животот на децата и придонесуваме да израснат во среќни, задоволни луѓе подготвени да градат светла и убава иднина за сите нас. Нашата цел е да продолжиме да ги слушаме потребите на заедницата со желба да даваме придонес преку различни проекти и значајни донации,“ изјавија од компанијата.

dm drogerie markt е етаблиран како пријател на македонските здравствени институции, а за тоа говорат постојаните вложувања во здравствениот сектор изминатите години. Во изминатата деловна година, компанијата донираше повеќе од 5,3 милиони денари во општествено-одговорни цели. Со истата посветеност продолжуваат и понатаму да вложуваат во заедницата во која делуваат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпаркасе Банка, ЕВН и GEFF програмата на ЕБРД организираа целодневен настан за енегетска ефикасност

Редакција

Фондацијата „Saint-Gobain Initiatives“и „Хабитат Македонија“ ќе го реконструираат Центарот за помош на лица со ментален хендикеп „Порака“ во Неготино

Редакција

3Д технологија за индивидуално решение за секој пациент – нов стоматолошки оддел во Клиниката Жан Митрев

Редакција