еМагазин
Image default
Локално

Со фалсификувана диплома напредувал во службата

Секторот за внатрешни работи Штип до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против Г.Д.(51) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, казниво по член 380 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија, информира МВР.

Пријавениот во текот на 2016 година набавил фалсификувано уверение за положени испити од Високата школа за менаџмент во сообраќајот во Ниш, Република Србија.

На 30.09.2016 година во Јавното претпријатие „Стипион 2011“ – Штип, каде е вработен, го приложил за добивање на решение за работа на повисоко работно место, за што му бил издаден нов договор за вработување во јавното претпријатие на работно место контролор во сообраќај во Одделението за платени паркинзи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гори нискостеблеста шума во липковско и кумановско на тешко пристапен терен

Редакција

Џип удри во две ракометарки на ЖРК „Вардар“ на автобуска станица во Ѓорче Петров, изгубил контрола поради голема брзина

Редакција

Познатите скопски кафулиња „Интермецо“ и „Мош“ добија забрана за работа 10 дена

Редакција