еМагазин
Image default
Македонија

Со испрашување на сведоци на одбраната, продолжува судењето за случајот „Тортура“

Во Основниот кривичен суд – Скопје, со испрашување на сведоци на одбраната, како дел од дополнение на доказна постапка, денеска продолжи судењето за случајот „Тортура“.

Прв обвинет во овој случај е поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, кој во обвинението поднесено од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), е осомничен за кривично дело „мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување“ од член 142 став 1 в.в. со член 23 од КЗ.

За истото кривично дело се осомничени и шест поранешни припадници на единицата „Алфа“.

Случајот „Тортура“ го води судијката Александра Ристеска, додека обвинението го застапува јавниот обвинител Љубомир Лапе.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Протест за декриминализација на марихуаната: Поддршка за Филип Достовски

Редакција

Филипче: За сега нема одлука за полициски час или ограничување на движење

Редакција

МВР со детали за железничката несреќа кај Куманово

Редакција