Министерството за здравство информира дека вкупниот број вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во целата држава изнесува 30.406.
Од нив, 15.491 дете се вакцинирани во Скопје, додека 14.915 деца се вакцинирани во останатиот дел од државата.
Во периодот од 14.06 до 21.06.2019 година се пријавени вкупно 59 нови случаи на мали сипаници.
„Согласно дополнително добиени резултати од вирусолошката лабораторија при ИЈЗ и направената повторна класификација на пријавените случаи, согласно дефиницијата на случај за мали сипаници, вкупниот број случаи од декември 2018, заклучно со денеска во Република Северна Македонија изнесува 1.814 случаи, со стапка на заболување од 87,7 на 100 илјади жители. Во анализите не се земени во предвид отфрлените случаи и лицата за кои недостига лабораториска потврда.
Од почетокот на епидемијата, досега, во центрите за јавно здравје, дополнително се аплицирани вкупно 5.305 дози од вакцината, од нив повеќе од 60% се здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, останатите се контакти и лица над 14 годишна возраст.
Вакцинацијата е единствената мерка за заштита од мали сипаници,“ соопштуваат од Министерство за здравство.