еМагазин
Image default
Македонија

Со сослушување сведоци на одбраната продолжува судењето за организаторите на 27 април

Со сослушување на сведоци предложени од одбраната денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

На денешното рочиште се повикани повеќе сведоци, меѓу кои Игор Атанасовски, Зоран Коњановски, Ристо Донев, Игор Бошковски

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска ќе отвори предмет за „Еуровиа“

Редакција

Од партијата на Љубчо Георгиевски со остра осуда за провокацијата на Каракачанов

Редакција

Докторот Арбен Аголи, кандидат на Алијансата за Албанците за градоначалник на Дебар

Редакција