еМагазин
Image default
Македонија

Со видео-снимки од пациенти по болниците, државата ќе ги убедува граѓаните дека корона вирусот постои

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека следниот период Министерство за здравство ќе оди со кампања, со која, граѓаните кои не веруваат дека корона вирусот постои, ќе се убедуваат во спротивното.

Видеата ќе бидат снимени во инфективните одделенија, каде што пациенти се ставени на респираторни машини или на механичка вентилација.

Филипче вели дека голем дел од граѓаните не веруваат дека вирусот постои, бидејќи тие кај нас не видоа снимки како во Италија, бидејќи здравствениот систем го амортизирал приливот на пациенти.

„А голем дел од нивните членови на семејствата заболеа, или за жал починаа,“ рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Со корона вирусот би можеле да живееме до 2025

Во Штип ќе бидат затворени пет конфекции, 600 луѓе ќе бидат ставени во самоизолација

Филипче: Најголем дел од новозаболените се без симптоми или со лесна клиничка слика

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед по скопските општини: Аеродром, Карпош и Центар со рекорден број случаи на Ковид-19

Редакција

МВР го демантира Мицкоски дека е следен и оти се подготвува негово апсење

Редакција

Полицискиот час не го почитувале 98 лица, приведени се 67

Редакција