еМагазин
Image default
Македонија

Собранието ја констатира оставката на Заев од пратеничкото место

Собранието попладнево ја констатира оставката од пратеничката функција на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој е мандатар за составување на новата влада.

Претседателот на Парламентот, Талат Џаферија кажа дека Заев нема да ја образложи оставката и ја прекина седницата се додека не го добијат потребниот извештај од ДИК кој треба да му издаде уверение за пратеник на следниот на кандидатската листа на СДСМ и Коалицијата „Можеме“, кој што ќе дојде на местото на Заев.

По добивањето на уверението од ДИК, седницата ќе продолжи со верификација на мандатот на новиот пратеник.

Се очекува оставки да поднесат и други пратеници кои треба да заминат на нови функции во извршната власт. Покрај Заев, тоа се Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Мила Царовска, Љупчо Николовски, Оливер Спасовски, Јагода Шахпаска од СДСМ и Насер Нуредини од ДУИ.

Лидерот на СДСМ Заев најави дека ќе го поднесе предлогот за состав на нова влада во Собранието откако пратениците кои треба да бидат министри ќе поднесат оставки, ќе бидат верифицирани мандатите на тие што ќе ги заменат и ќе биде донесена одлука за бројот на потпретседатели на Парламентот.

МИА/Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починаа тројца пациенти, од Штип, Тетово и Струга

Редакција

На Камчев му се влошила состојбата, повторно бил однесен на Клиниката за кардиологија

Редакција

(Фото) Царината на Богородица заплени девизи и злато во вредност од еден милион евра

Редакција