еМагазин
Image default
Македонија

Собранието го верификува мандатот на новиот пратеник на ДУИ, Бедри Фазлиу

Собранието попладнево го верификува мандатот на новиот пратеник од ДУИ, Бедри Фазлиу, кој во законодавниот дом доаѓа на местото на Фљорин Бесими.

Претходно, Парламентот ја констатира оставката на Фљорин Бесими, која тој ја поднесе по реакцијата на Антикорупциската комисија, бидејќи неговиот брат Фатмир Бесими треба да биде предложен за министер за финансии.

По верификацијата на мандатот на Бесими, Собранието ја продолжи втората пленарна седница на која треба да биде утврден бројот на претседатели на законодавниот дом.

Пред утврдувањето на дневниот ред, мнозинството пратеници го одбија предлогот на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски за тргање на оваа точка од дневен ред.

Мицевски образложи дека предлогот Собранието да има пет потпретседатели ќе продуцира непотребни трошоци. Според ВМРО-ДПМНЕ, нема потреба од повеќе од тројца потпретседатели. Се повеќе од таа бројка, рече Мицевски, е задоволување на потребите на партнерите од парламентарното мнозинство и е спротивно на предизборните најави дека ќе се работи домаќински и ќе се кратат непотребите трошоци.

Потсети дека во периодот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ имало тројца потпретседатели, а од 2017 и доаѓањето на коалицијата СДСМ и ДУИ нивниот број се зголемил на пет.

Гордана Силјановска Давкова, пак, смета дека Собранието треба да има двајца потпретседатели.

Координаторот на пратениците на СДСМ, Јован Митревски реплицира дека денеска треба да биде донесена само одлука за бројот на потопретседатели, што не значи дека сите ќе бидат пополнети. За тоа дали ќе бидат двајца, тројца или повеќе, рече дека ќе се решава дополнително преку дебата во Парламентот.

Критиките од опозицијата дека се прават дополнителни трошоци, според него е непотребно правење драма и популизам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фљорин Бесими не е повеќе пратеник, Собранието ја констатира неговата оставката

МИА/Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Укинат притворот на осомничените за упадот во М-НАВ

Редакција

(ВО ЖИВО) Прва Парада на гордоста во Македонија

Редакција

Мицкоски најави нов концепт – општествен консензус за заеднички патриотизам

Редакција