еМагазин
Image default
Македонија

Собранието ги изгласа дополнувањата на Законот за студентски стандард и на Законот за ученички стандард

Собранието денеска во рамки на продолжението на 15. седница ги усвои доплнувањата на Законот за студентскиот стандард и на Законот за ученичкиот стандард, по скратена постапка.

Во овие два закони се додаваат нови одредби со кои се регулира начинот на организирањето на дејноста во студентските и ученичките домови во услови на епидемијата.

Исто така, се регулира дека студентите или учениците кои конкурирале на конкурсот за сместување во студентските или ученички домови и им се одобрени барањата за сместување, но заради намалениот број на сместувачки легла не може да се сместат во студентски или ученички дом, им се исплаќа месечна сума на средства за покривање на трошоците за приватно сместување, односно месечна сума на средства за покривање на трошоците за превоз од местото на живеење до местото во кое се одвиваат студиите.

Пратениците претходно ги изгласаа и измените и дополнувањата на Законот за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишно воспитание, основно и средно образование, по скратена постапка, а го донесоа и Законот за изменување и дополнување на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, по скратена постапка.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

САД разочарани од Силјановска, ќе следат дали новата влада ќе го почитува Договорот од Преспа, вели посекретарката на Стејт департментот

Редакција

(Видео) Како изгледа новата опрема на МВР за заштита при насилни протести и немири

Редакција

Во тужбата за клевета од Османи се бара оштета од 10 илјади евра

Редакција