еМагазин
Image default
Македонија

Собранието го донесе Законот за спречување и заштита од дискриминација

Собранието денеска во рамки на 19. седница со 70 гласа „за“ го донесе Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Законот обезбедува принцип на еднаквост во заштитата од дискриминација и во остварување на човековите права и слободи. Преку овој Закон земјата се доближува до меѓународните стандарди усвоени од ООН и Европската Унија, а граѓаните добиваат соодветна правна заштита и општество кое ги негува различностите и овозможува еднакви услови за развој за сите.

Измените меѓу другото, предвидуваат членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација да ги предлага посебна Комисија за селекција, составена од седум члена – по два пратеника од власт и од опозиција и тројца претставници од граѓанското општество, наместо тие да бидат на предлог на собраниската Комисија за избори и именувања.

Законот за спречување и заштита од дискриминација. еднаш веќе ги помина сите филтри – и во владина и во собраниска процедура и е целосно усогласен и работен во соработка со невладиниот сектор, но поради одредени претходни пропусти, Уставниот суд на 14 мај оваа година го укина.

Со неговото донесување во речиси идентична форма, како онаа што беше изгласана во Собранието, се надминува празнината во немањето заштита од дискриминација по кој било основ што настана по неговото укинување, а која беше нотирана и во Извештајот на ЕК за 2020 година за напредокот на земјата.

Пратениците ги донесоа и Законот за изменување на Законот за заштита на укажувачи, Законот за изменување и дополнување на Законот за судските такси, Законот за изменување и дополнување на Законот за автокампови и Законот за изменување и дополнување на Законот за скијалишта.

Собранието ги верификуваше мандатот на четворица пратеници поради испазнетите места. Нови пратеници во Парламентот се: Мирче Аџиевски, Лидија Тасевска, Рина Ајдари и Мирослав Јовановиќ.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четврта жртва на коронавирусот во Македонија: Почина жена на 66 годишна возраст од околината на Струга

Редакција

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе има најмногу три мандати, Груевски веќе не е почесен претседател

Редакција

Кога ќе добијат закани, училиштата да ја продолжат наставата онлајн – насоки од МОН при дојави за поставени бомби

Редакција