еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Денеска сончево и многу топло време: Температура до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец.

Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, како и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе
достигне од 30 до 38 степени.

УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Следната недела, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер од над 70 километри на час и појава на град.

Температурата ќе биде во опаѓање.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Меѓу нив и Грција: Девет земји членки бараат Западен Балкан итно да се врати на агендата на ЕУ

Редакција

Почина писателот и академик Радован Павловски

Редакција

На респиратор девет пациенти заразени од корона вирусот, уште шестмина во потешка состојба

Редакција