еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Сончево со температура од 18 степени во првиот ден од Новата година

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има зголемување на облачноста, особено во североисточните делови. Ќе дува слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната од 12 до 18 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала, а попладне умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Следните три дена времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од минус два до осум степени, а максималната температура од осум до 16 степени Целзиусови.

До вторник ќе се задржи стабилно и релативно топло време. В среда попладне и во четврток претпладне под влијание на влажен и студен бран ќе има локални врнежи од дожд и снег, засилен северен ветер и значително опаѓање на температурата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен бизнисменот Орце Камчев

Редакција

Во Скопје се сретнаа Заев, Ахмети и Ковачевски, за што разговарале?

Редакција

Што следи по паѓањето на владата на Петков, која е процедурата

Редакција