Олимпија Христова Заевска, шефица на кабинет на министерка за финансии, Нина Ангеловска, си поднесе оставка.
Таа за ова одлука информираше на нејзиниот фејсбук-профил.
Кога Ангеловска го претстави новиот тим од нејзиниот кабинет, за Олимпија Христова Заевска напиша дека е посебен советник за меѓународни финансии, ИПА и односи со ЕУ.
„Сигурна сум дека Олимпија значајно ќе придонесе на патот кон економски развој и паметно финансирање на развојни проекти,“ напиша тогаш Ангеловска.
За тимот, министерката тогаш рече дека формирала професионален и енергичен тим, тим кој нема да прифаќа „не, тоа не може” без пред тоа да ги проба сите начини и креативни солуции.
Фото: Фејсбук/Заевска
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.