Советот на јавни обвинители ја известил Наташа Димитриевска Апостолоска, чиј сопруг Гоце Димитриевски загина во сообраќајната несреќа кај „Млечен ресторан“ во 2018 година, дека јавната обвинителка Снежана Бундалевска Ѓорѓиевска постапувала правилно и по закон во овој случај.
Димитриевска Апостолоска се обрати до Советот на јавни обвинители со барање за преиспитување на постапувањето на обвинителката Снежана Бундалевска, која го водеше предметот.
Таа исто така имаше поднесено и преставка до Судски совет за судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, која на обвинетиот Васил Чорбаџиев му досуди условна казна.
Во сообраќајната несреќа пред две години Наташа го изгуби бебето во бременост, а нејзиниот сопруг почина. Обвинетиот Чорбаџиев им го пресекол патот со мотор на две полни ленти.
Пак сум на операција на ногата, а денес добив одговор од Совет на ЈО дека ЈО Снежана Бундалевска Ѓорѓиевска постапувала правилно и по закон.
Епа пријатели официјално кажувам немаме правна држава и сите ТИЕ се штитат меѓу себе!!!#правдазаГоце#правдазаМене#правдазаНас pic.twitter.com/stQGKtkmyv— Natasha Dimitrievska (@napostoloska) December 14, 2020
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Наташа Апостолоска апелира предметот за сообраќајната несреќа кај „Млечен“ да не се политизира