еМагазин
Image default
ЖИВОТ

СП: Дваесетина млади пациенти на Инфективна ги примиле скапите ампули со кои Доналд Трамп се лекуваше од Ковид-19

Дваесетина пациенти на Инфективната клиника ги примиле скапите ампули со кои поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп се лекуваше од Ковид-19, објави Слободен печат.

Станува збор за терапија за лекување Ковид-19 со моноклонални антитела.

Македонското Министерството за здравство ги набави овие ампули на средината на летото, а ампулите се скапи, околу 2 илјади евра во доза.

– Моноклоналните антитела се антитела кои се даваат кај пациенти со ковид кои не развиле клинички слики, не се кислородно зависни, а притоа имаат сериозни коморбидитети за фатален исход од болеста.

Досега на Инфективната клиника ја аплициравме кај млади пациенти со акутни хематолошки заболувања, со трансплантации како хематолошки и други, однносно кај пациенти со малигна болест на почеток, а не во терминален стадиум.

Кога им се аплицираше оваа терапија симптомите останаа многу слаби и не развија тешка болест. Досега сме ја дале оваа терапија кај дваесетина луѓе, вели за СП, директорката на Инфективната клиника доктор Милена Стевановиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По 12 дена на Инфективна, Мицкоски оздраве од Ковид-19

Редакција

Пронајдете ја со Галеника формулата за силен и балансиран имунитет

Редакција

Кои вакцини против Ковид-19 во Македонија спречија најмногу хоспитализации

Редакција