еМагазин
Image default
Македонија

Спасовски не открива детали за истрагата за руската вмешаност во Македонија

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска во Брисел на прашањето дали МВР може да даде повеќе информации за наводите на премиерот Зоран Заев и истрагата на новинарката на OCCRP дека руски бизнисмени финансираат немири во Македонија во референдумската кампања, уште еднаш порача дека нема да ја води истрагата преку медиумите, јави дописничката на МИА во Брисел.

– Сакам да бидат спокојни граѓаните во делот на безбедноста и во делот на сите случувања. Македонија има сега историска шанса за напредок, историска шанса да биде дел од Европската унија и НАТО и оваа историска шанса не обрзува сите нас и граѓаните и политичарите и медиумите и научната јавност и стручната јавност да помогнат и да бидат за иднина и перспектива на своите деца, рече Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање.

Но Спасовски повтори: „ниту една истрага не сакам, не можам, ниту е потребно да ја водиме во јавност и преку медиуми“. Додаде дека институциите во државата фунцкионираат и дека поради тоа граѓаните можат да бидат „спокојни“.

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дојави за бомби во пет основни училишта во Гази Баба

Редакција

Нови 296 случаи на Ковид-19 од 3.480 тестирањa

Редакција

Обезбедени ли се 80 пратеници: Во понеделник почнува пратеничката расправа за уставните измени

Редакција