еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски се сретна со Радев, разговарале за справување со енергетската криза

Премиерот Димитар Ковачевски попладнето во Софија имаше работен состанок со претседателот на Република Бугарија Румен Радев.

На состанокот на кој присуствуваа и министрите за надворешни работи и за економија, Бујар Османи и Крешник Бектеши, како и директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски и претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески се разговарало за заедничко надминување на предизвиците со енергетската криза и продлабочување на соработка на двете земји.

Премиерот Ковачевски на средбата истакнал дека владината делегација допатува во Република Бугарија да најде решенија за справување со енормниот раст на цената на електричната енергија, да се помогне стопанството кое е на слободниот пазар, да може да го издржи високиот раст на цената на електричната енергија на светските берзи, информираат од Владата.

-Справување со последиците од светската енергетска криза е приоритет. Од бугарска страна беше истакнато дека во тешки денови треба да си помагаме меѓусебно, бидејќи станува збор за справување со последиците од најголемата глобална криза која ја паметиме во поновата историја, велат од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали Бугарија ќе ни помогне за енергетската криза ќе се знае за две недели

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во сабота локални врнежи, од понеделник стабилно и потопло

Редакција

Во анкетниот лист на Црвенковска, претседателката на Судскиот совет го нема кредитот на нејзниот сопруг

Редакција

Поевтинуваат бензините, дизелот поскапува за еден денар

Редакција