еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Србија од утре почнува со вакцинација против коронавирусот

Вакцинацијата против коронавирусот почнува утре во домовите за стари лица. Тие се најзагрозената категорија, па затоа почнуваме со нив, изјави денеска српскиот претседател, Александар Вучиќ, и додаде дека вакцината е спас за човештвото.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Вучиќ кажа и да некој од државниот врв ќе ја прими вакцината, без разлика дали тоа ќе биде тој, премиерката Ана Брнабиќ или министерката Дадија Кисиќ Тепавчевиќ и додаде дека „некои од посочените ќе ги остави за друга вакцина, за да ја поддржаат секоја вакцина, дека секоја е добра“.

Вакцините, рече тој, се набавени билатерално, независно, и Србија е веројатно единствената земја надвор од ЕУ, во овој дел, што успеа да набави одредени дози вакцини.

-Тргнуваме веднаш. АЛИМС (Агенцијата за лекови и здравствени средства) доби примероци од другите вакцини, тие ќе продолжат да си ја вршат својата работа, а потоа очекуваме поголеми количини. Вакцината е спас, вакцината го спаси човештвото, посочи Вучиќ.

Тој додаде дека Србија сѐ уште не може да се натпреварува со земјите од ЕУ, но потсети дека Србија дала два милиони евра како донација за програмата КОВАКС, за развој на вакцината.

– Очекуваме да добиеме вакцини преку таа програма, но се снаоѓаме и сами, рече Вучиќ.

Тој додаде дека е важно што поголем број луѓе да бидат заштитени со вакцинација.

– Утре ќе почнеме во домовите за стари лица, бидејќи е важно да се заштитат овие луѓе. Кога ќе ги погледнете сите бројки и проценти, има и помлади луѓе кои долго чекале, особено мажи, но убедливо најголем број се оние над 80 години. Тие се најзагрозени и затоа треба да започнеме со нив, кажа Вучиќ.

Според него, „од средината на јануари ќе се оди на помасовни вакцинации“.

-Кога го велам тоа, мислам на стотици илјади, можеби дури и милион лица да вакцинираме до крајот на јануари, тоа е страшен успех, изјави Вучиќ.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) И Димитар Ковачевски на „Отворен Балкан“ во Тирана: Заев им го претстави на Рама и Вучиќ

Редакција

(ВИДЕО) Нов албум на Каролина заедно со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски: Промовирана првата песна „Идила“

Редакција

Државата ќе ги преземе ингеренциите во градежништвото од Струга и од Охрид

Редакција