еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Србија: Осум рудари загинаа, над 20 повредени во екслозија на метан во рудникот Соко

Во рудникот Соко во близина на Сокобања се случи експлозија на метан од која се урна дел од јамата, а рударите останаа заробени.

Според првите информации загинати се осум лица, а над 20 рудари се повредени, јави дописникот на МИА од Белград.

– Несреќата е многу голема, осум лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени, изјави за РТС директор на Здравствениот дом во Алексинац, Родољуб Живадиновиќ.

Тој кажа дека некои повредени рудари веќе се префрлени во општата болница во Алексинац, а повеќе од 20 од нив се полесно повредени.

Досега дури 65 рудари се извлечени од рудникот Соко.

Според неофицијални информации, окното во рудникот се урнало, а камениот материјал паднал и затрупал голем број рудари, од кои некои останале заробени од другата страна.

Од Брзата помош во Алексинац изјавија дека на терен се сите редовни и вонредни екипи.

Според информациите од полицијата во Зајечар, бројни полициски екипи се на терен, а истрагата е во тек, соопштија српските медиуми. Експлозијата се случила во раните утрински часови, јави РТС.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема да има недостиг на масло за јадење, има доволно залиха и производство, велат од „Витаминка“

Редакција

Македонија ја победи Гвинеја и се пласираше во главната фаза на Светското првество во ракомет

Редакција

Зголемување за 25,5%: За една недела 7.280 нови случаи на Ковид-19

Редакција