еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ССНМ за однесувањето на Бектеши: Функционерите да престанат со дискредитација на новинарите и медиумските работници

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) остро реагира на недоличниот и дрзок односот на министерот за економија, Крешник Бектеши, кон новинарите на денешната прес-конференција во Владата, на која тој ги нападна новинарите, омаловажувајќи ја нивната работа, професионалност и компетентност, и напаѓајќи го нивниот интегритет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Наместо да одговори зошто Македонија плаќа поскап гас, Бектеши ги нападна новинарите

-Во делот предвиден за новинарски прашања Бектеши денеска наместо да одговори околу цените на природниот гас поставено од новинарката од Канал 5, ја обвини за поставување на туѓи новинарски прашања, а на укажувањето на новинарот од Телма ТВ дека на министерот не му е првпат да коментира новинарски прашања и оти тоа е безобразно од негова страна, Бектеши му одговори дека новинарите не се на прес-конеференцијата да коментираат туку да прашуваат.

ССНМ смета дека арогантниот и омаловажувачки однoс на Бектеши кон новинарите денеска не само што е скандалозен и неприфатлив, туку и ја отежнува работата на новинарите и медиумските работници и може да предизвика самоцензура, непријателско однесување кон нив, загрозување на нивната безбедност, како и нарушување на нивниот интегритет.

Синдикатот бара од функционерите да престанат со дискредитација на новинарите и медиумските работници и да престанат да се впуштаат во оцена за тоа како, и за која цел, тие поставуваат прашања за кои постои јавен интерес.

Денешниот неприфатлив однос на Бектеши кон новинарите е само уште еден во низата на неприфатливи однесувања на политичарите кон нив кои зачестија во изминатиот период и за кои ССНМ смета деке е време да престанат.

ССНМ сака да ги потсети политичарите и државните функционери дека нивната сензитивност кон новинарските прашања треба да биде многу висока, особено на прашања кои се однесуваат на нивните одлуки кои имаат импликации на буџетот и трошењето на народните пари, велат од ССНМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗНМ и СЕММ регираат на однесувањето на Бектеши: Државните функционери повторно во напад кон новинарите, ваквото однесување мора да престане!

Фото: ССК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Малолетно девојче нападнато од наставничка

Редакција

Во када пронајдено починато 26-годишно момче од делчевското село Стамер

Редакција

Поскапувањата на цените на струјата, бензинот и храната, најголем проблем и за Грците

Редакција