еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Стабилно и многу топло време следниве денови, од четврток услови за нестабилност и локален пороен дожд

Во текот на следнава работна седмица времето ќе биде претежно стабилно и многу топло, а дневната температура на повеќе места ќе надминува 35 степени.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, насекаде ќе биде активирано жолто, а во некои делови и портокалово ниво на опасност од висока температура.

Од четврток ќе се зголемат условите за попладневна нестабилност со локален пороен дожд и
грмежи.

Времето утре ќе биде многу топло со утринска температура во интервалот од 12 до 21 степени и максимална дневна од 38 степени. Во Скопје слично време со температура до 37 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Охрид Мол се отвара на 28. мај

Редакција

Нов „балансер“ за вработување во администрацијата и на Албанците во дијаспората

Редакција

Убава вест: 200 оздравени од Ковид-19

Редакција