еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Албанија спасени од давење три македонски државјанки, две се во тешка состојба

Три македонски државјанки на возраст од 48, 60 и 66 години вчера попладне се спасени од давење на плажата Голем кај Каваја, на албанското крајбрежје.

Според полицијата, веднаш им била укажана прва помош од присутните туристи на плажата, крајбрежната стража и полициските службеници од Каваја кои биле дежурни на крајбрежјето.

– Трите жени итно се пренесени во Регионалната болница во Драч за укажување лекарска помош.  Жената на 48-годишна возраст е надвор од животна опасност, додека во потешка состојба се другите две, на 66 и 60-годишна возраст, стои во соопштението.

На албанското крајбрежје годишно летуваат, во просек од 250 до 300 илјади македонски државјани. Ова лето се очекува бројот да биде многу поголем.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Научно-фантастични снимки од Кина: Дронови ги предупредуваат луѓето што не носат маски

Редакција

Ќе останеме ли без Виз ер?

Редакција

(Видео) Кавга на Арсовска и Славевски во Советот на Град Скопје заврши со полиција

Редакција