еМагазин
Image default
Бизнис

Стапува во сила новиот Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам

Од денеска стапува во сила Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам (ЗЦППФТ), што Собранието го усвои на 71. седница одржана на 27 јуни 2022 година.

Со новиот Закон во однос на уписите во регистарот на вистински сопственици предвидени се промени на роковите за упис, субјектите кои се обврзани да извршат упис во рамки на истиот, како и нов пристап во утврдувањето на вистински сопственик кај фондациите.

Согласно новиот текст на ЗСППФТ, соопштија денеска од Централниот регистар, законскиот рок за внесување на податоците за вистинските сопственици е 15 дена од уписот на деловниот субјект во трговскиот регистар и во регистарот на други правни лица односно 15 дена од промената на податоците за вистинскиот сопственик.

– Покрај останатото, како субјекти кои се обврзани да извршат упис на вистинскиот сопственик во регистарот со новото законско решение опфатени се и правните субјекти чиишто акции котираат на организиран пазар на хартии од вредност за кои е предвиден рок од три месеци за извршување на оваа обврска од денот на влегувањето во сила на овој закон, се појаснува во соопштението.

Новиот текст на законот предвидува и нов пристап во утврдувањето на вистински сопственик кај фондациите. Фондациите и со постојните прописите за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, се подвлекува, имаа обврска да запишат вистински сопственик во регистарот на вистински сопственици.

Со оглед на воведената промена, истите потребно е проверат: дали имаат внесено податоци за вистински сопственик во регистарот на вистински сопственици и дали внесените податоци за вистински сопственик се во согласност со новата дефиниција од ЗСППФТ.

– Доколку фондациите утврдат дека е потребно да се усогласат со новите законски одредби, потребно е податоците за вистински сопственик да ги внесат (променат) во регистарот на вистински сопственици во рок од 15 дена, започнувајќи од 12.07.2022 година.

Доколку промената единствено се однесува на усогласување со новата законска дефиниција, како датум на индикатор во пријавата се внесува датумот на поднесување на пријавата, се подвлекува во соопштението од Централен регистар.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дел од Скопјани без парно, Владата ги повика надлежните компании и локалните власти да обезбедат топлинска енергија

Редакција

Во првите два месеци извозот пораснал за 4,6%, а увозот се намалил за 6,5%

Редакција

Стопанската комора ќе ги спојува тие што произведуваат и на тие што им требаат заштитни маски

Редакција