еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Стекнавме имунитет поради природното заразување, а не поради вакцините, вели доктор Пановски

Граѓаните стекнаа колективен имунитет поради природното заразување, а не поради вакцините, вели за телевизијата Алфа, микробиологот д-р Никола Пановски.

– Со оглед на тоа што мерките беа доцна донесени, многу голем дел од населението доби контакт со вирусот, некој го поминаа без симптоми некои не знаеја дека го имаа и некои завршија во болница.

Според сите проценки, околу 60 проценти го имаат прележано вирусот и повеќето по природен пат, и за жал доста скапо го плативме тој природен имунитет имајќи ги предвид жртвите и пост ковид синдромите, рече Пановски.

Тој вели дека добар дел од населението веќе е имуно на пандемијата, но дека и топлото време има влијание за намалување на бројките.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 13 случаи на Ковид-19 од 2.952 тестирања, бројот на активни изнесува 255

Редакција

Лидерот на бугарската националистичка партија „Преродба“, Костадинов доби забрана за влез во Украина

Редакција

Македонски железници-инфраструктура вработува 18 лица, плата до 23.746 денари

Редакција