еМагазин
Image default
Македонија

Столтенберг од Скопје заминува за Атина

Генералниот секретар на НАТО по средбите во Скопје заминува за Атина каде што вечер ќе има работна вечера со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, посетата на Грција на Јенс Столтемберг ја најавија од прес центарот на НАТО, но и од кабинетот на грчкиот премиер.

Според соопштението од НАТО, генералниот секретар денеска и утре ќе биде во Грција, а вечер ќе се сретне со Ципрас.

Од кабинетот на грчкиот премиер соопштуваат дека Алексис Ципрас утре ќе се сретне и со францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан кој е во работна посета на Атина.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДУИ ќе ја поддржи Резолуцијата за црвените линии со Бугарија доколку се користи уставното име на државата

Редакција

Учениците ќе се тестираат со брзи антигенски тестови, бидејќи се асимптоматски носители на вирусот, најави Филипче

Редакција

Пуштен дома и последниот пациент со компликации од Ковид-19, кој се лекуваше на Интерното одделение во струшката болница

Редакција