еМагазин
Image default
Бизнис

Стопанска банка Скопје ја тужат за 18,7 милиони денари

Стопанска банка Скопје е вклучена во судски постапки од своето редовно работење, а износот на судските спорови кои се водат против Банката на 30 јуни 2018 година, за кои се направени соодветни анализи врз основа на кои раководството на банката смета дека конечниот исход на овие спорови ќе биде решен на штета на банката поради што можат да настанат материјално значајни загуби по основ на овие спорови изнесува 18.760.000 денари, соопшти банката во ревидираниот извештај објавен преку Македонската берза.

„Наведениот износ ги вклучува и затезните камати и останати судски трошоци. Согласно наведеното заклучно со 30.06.2018 година, банката изврши резервирање за загуби поради оштетување врз основа на судски спорови во износ од 365 илјади денари (2017: 9.369 илјади денари)“, соопшти банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одбиено барањето на акционерите на Стопанска банка Скопје за конверзија на приоритетните во обични акции

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јавниот долг на крајот од минатата година 5,2 милијарди евра, државниот долг 4,3 милијарди евра

Редакција

Комерцијална банка со придружните друштва оствари добивка од 29 милиони евра за една година

Редакција

Владата ќе му префрли шест милиони евра на ЕСМ за да го преземе управувањето со БЕГ и Скопје Север

Редакција