еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Судење „Таргет-Тврдина“: Јанкулоска не знаела дека ќе се уништува опремата со која е извршено масовното прислушување

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која моментално отслужува казна затвор за случајот „Тенк“ за набавката на луксузниот мерцедес, на денешното рочиште за друг предмет на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), „Таргет-Тврдина“ рече дека не знаела дека ќе се уништува опремата со која беше направено масовното прислушување.

Таа во судница рече дека дознала за тоа откако СЈО го отворил предметот, иако таа ја потпишала одлуката за формирање на комисијата во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

Јанкулоска рече дека од документацијата кога ја потпишала не можело да се утврди дека ќе се уништува опремата за следење на комуникациите и дека никој не ѝ посочил дека со барањето на УБК за ваква комисија ќе има проблеми и таа го потпишала истото, додавајќи дека комисијата и нејзините членови се должни да ги почитуваат правните стандарди и дека тие имале голема одговорност.

Покрај нејзе во овој случај, обвинети се и поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, и вработениот во УБК, Никола Бошкоски, шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од УБК.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви.

Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судење „Таргет-Тврдина“: Мијалков вели дека нема ниту еден доказ дека „бомбите“ се од УБК

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Мини-фестивал „Саботи на светска музика“ на 17. февруари во Јавна соба

Редакција

Зеленски ги соопшти условите на Украина за ставање на крај на војната

Редакција

(Фото) Пивара Скопје го проширува портфолиото со производите на Campari Group

Редакција