еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Судење „Таргет-Тврдина“: Мијалков вели дека нема ниту еден доказ дека „бомбите“ се од УБК

Поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков на денешното рочиште за случајот „Таргет-Тврдина“ рече дека не постои ниту еден доказ дека илјадниците снимени разговори се од УБК и дека Управата го вршела прислушкувањето.

Мијалков на судењето посочи дека прислушкување лесно можело да се врши и надвор од системот на УБК и го отфрли како неточно обвинението дека формирал злосторничко здружение за да ја злоупотреби службената положба и овластувања.

Тој ги отфрли и обвинувањата дека самиот влегувал во системот и прислушувал, а исто така рече и дека немало прислушкување без судска наредба во УБК.

“Никогаш никому, ни писмено, ни усно, не сум му дал наредба да изврши какво било дејствие во насока на следење на комуникации. Не сум имал можност и привилегија да давам такви наредби“, рече тој.

Во однос на уништувањето на опремата за прислушување, Мијалков негираше дека во 2015 година побарал од началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски да покрене постапка за уништување на овие системи.

Покрај него во овој случај, обвинети се и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, Грујевски, и вработениот во УБК, Никола Бошкоски, шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од УБК.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви.

Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судење „Таргет-Тврдина“: Јанкулоска не знаела дека ќе се уништува опремата со која е извршено масовното прислушување

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Агенцијата „Партнер“ го доби тендерот на општина Аеродром за привремени вработувања вреден 86.000 евра

Редакција

Уште еден министер застана зад Таравари во несогласувањата со Села

Редакција

Акцијата на Алкалоид за шест месеци пораснала за 21,4%

Редакција